Потпечени гурмански компири со пршута и 2 вида сирење
Речиси сите обожаваме компири и постојано сме во потрага по нови рецепти, покрај стандардните пржени компирчиња, печени или пак приготвени во облик на пире.
Овој пат за вас имаме врвен, гурмански рецепт – потпечени компири со многу зачини, пршута и два вида сирење. Никој нема да им одолее на вака подготвените компирчиња, а еве како може да ги направите:
Потребни состојки:
- 450 ml течна павлака за готвење
- 1 главица лук, ситно исечкана
- 2 ливчиња ловоров лист
- 2 лажици стопен путер
- 1 kg компири, исечени на тенки листови
- 8-10 парчиња пршута, исечкана на ситни парчиња
- 180 gr свежа рикота (или моцарела, зависно од вкусот)
- 150 gr рендан кашкавал
- Зачини по желба – сол, бибер, куркума, копар, кумин, црвена пиперка…
Начин на подготовка:
1. Во подлабок сад измешајте ја течната павлака заедно со ситно сечканото лукче, ловоровиот лист и зачинете по желба. Откако ќе почне да врие тргнете го сосот настрана и почекајте да се соедини, односно да згусне сам од себе.
2. Загрејте ја рерната на 200 °C. Подмачкајте го тавчето за печење со стопениот путер.
3. Наредете ги исечканите листови компир еден до друг додека не го исполните тавчето. Истурете го подготвениот сос врз нив и ставете од парченцата пршута помеѓу дел од компирите. Во останатите празнини помеѓу компирите додадете моцарела или рикота (по желба).
4. Покријте го садот со хартија за печење, а врз него ставете и алуминиумска фолија. Печете ги компирите околу 1 час и 20 минути или додека компирите не омекнат,.
5. Отстранете ги двете фолии и додадете го ренданиот кашкавал. Печете уште 20-30 минути или додека кашкавалот не добие златна боја и не се појават меурчиња на садот.
6. Оставете да се олади барем 10 минути пред да ги послужите гурманските компири.
(О)Милена | Црнобело