Домашно лепче од 3 состојки по рецепт на Џејми Оливер

Џејми Оливер со едноставен рецепт овојпат ви го олеснува карантинот и ви ја скратува потребара за често излегување и купување тазе леб.

domasno-lepce-od-3-sostojki-po-recept-na-jamie-oliver-001.jpg

Ви требаат само 3 состојки и почетнички вештини во кујната.

Потребни состојки:

  • Вода
  • 7g сув квасец
  • 1kg брашно, плус уште малку за посипување додека месите

Подготовка:

Во голем сад ставете 650ml млака вода. Додадете го квасецот и мешајте со виљушка неколку минути.

Додадете го брашното и доколку сакате, малку сол. Со виљушката мешајте додека не добиете густа смеса.

Потоа со чисти раце направете топче тесто, додавајќи брашно за да не ви се залепи на рацете.

Месете 5 минути, односно додека не добиете еластично тесто. Обликувајте по желба, ставете го во тава за печење која претходно ќе ја посипете со брашно и покријте со влажна крпа.

Нека нарасне 1 час или час и половина, на потопло место.

Откако тестото ќе нарасне измесете го уште еднаш на рамна површина, за да ги отстраните дупчињата воздух.

Постапката може да ја повторите уште еднаш.

Загрејте ја рерната на 180 степени. Печете околу 35 минути.

domasno-lepce-od-3-sostojki-po-recept-na-jamie-oliver-2.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg