„Cooking with Branko“ – три рецепти кои може да ги подготвите додека сте во изолација

Повеќето го знаеме како Cooking with Branko, отколку како Бранко Попоски, а неговите рецепти и совети секојдневно се следат и практикуваат. 

cooking with branko tri recepiti koi moze da gi podgotvite dodeka ste vo izolacija 2

Дипломирал на Универзитетот Свети Кирил и Методиј, Економски факултет, на отсек финансиски менаџмент, а потоа своето образование го надоградил со мастер студии на ФОН Универзитетот, отсек маркетинг. Бил дел и од Академијата за Дигитален маркетинг & ПР, а сега го надоградува своето знаење и во делот на графичкиот дизајн.

Кариерата во маркетинг секторот ја гради повеќе од три години, со водење на дигитален маркетинг, организирање на настани, креирање на маркетинг стратегии за многу клиенти.

Покрај неговата професионална кариера, тука е и неговото кулинарско шоу Cooking with Branko, каде втората сезона се очекува да излезе по кризата со корона вирусот и Интимните вечери со Cooking with Branko, кои се дел од кулинарскиот проект. Во моментот работи и на својата прва интерактивна книга со рецепти.

„Се чувствувам некомплетен доколку немам обврски во буквално секој дел од денот.

Блиските пријатели често знаат да ме критикуваат дека премногу се заморувам со тоа што се обидувам да го извадам максимумот од секои 24 часа, но јас уживам во исполнетоста на денот.

Постојано барам некаква активност со којашто ги задржувам телото и умот зафатени“, открива Бранко, кој и кога е дома не умее да седи мирен и мора да прави нешто.

FotoJetda copy

Неговиот нескротлив темперамент за многу изгледа заморно, но тој ужива во динамична работа која ја гледа како територија за постојано освојување на широки хоризонти.

„Времето во изолација се трудам да наликува на животот без изолација. Користејќи ги придобивките на технологијата, секојдневно отстапувам време за моите пријатели, за работните обврски коишто ги вршам во домашни услови и со готвењето.

Започнав еден интересен предизвик на социјалните медиуми за сите мои следбеници и фанови, а тоа е #SediDomaSoCookingWihtBranko. Ги предизвикав моите драги пријатели, а воедно моите омилени лица од македонската сцена, да зготват вкусен рецепт и да го споделат со своите пријатели.

Предизвикот оди супер, и сум многу задоволен од одзивот“, споделува Бранко и додава дека сега има повеќе време да ги доврши оние работи што ги одложувал, да смисли нови проекти и да истражува.

Во изминатиот период бил активен со снимањето на влоговите, работните обврски и готвењето, така да немал доволно време да ги изгледа актуелните филмови од претходната година.

Сега, во оваа вонредна ситуација, Бранко си направил список и секоја ноќ ужива со по некој филм. Последна серија што ја гледал е La casa de papel, а еден од неговите поомилени филмови периодот е Knives Out. Кога сме кај книгите, последна прoчината книга му е Е, баш ме заболе од Марк Менсон.

„Изолацијата нè научи да ги вреднуваме оние работи за коишто не сме ни биле свесни колку многу ни значат. Како на пример допирот, разговорот којшто го водиме гледајќи се право во очи и топлината на дружењето.

Затоа, првото нешто што ќе го направам после изолација е прегрнување на моите најблиски. Ова е време во коешто се соочуваме со предизвикот да останеме далеку од саканите, а сепак да наоѓаме најразлични начини за искажување љубов“, споделува Бранко.

Во продолжение од текстот Бранко предложува три рецепти кои може да ги подготвиме за време на изолацијата.

Попај ролни

Потребни состојки:

  • Три јајца
  • Три белки
  • 500 g спанаќ
  • 100 g мелен овес
  • 50 ml кокосово масло
  • Урда
  • Сол и бибер по вкус

Начин да подготовка:

Во длабок сад се матат јајцата и белките, се додава блендиран спанаќ со кокосовото масло и мелениот овес. Се мати сè додека не се соединат состојките и на крајот се зачинува со сол и бибер по вкус.

Во плиток плех, се става хартија за печење и се истура целата смеса. Се пече 10-15 минути на 200 степени со постепено намалување.

Откако ќе истине испеченото тесто, се премачкува со урда и се виткаат ролни.

Може да се комбинираат со чаша јогурт.

cooking with branko tri recepiti koi moze da gi podgotvite dodeka ste vo izolacija 6

Пита со просо и спанаќ

Потребни состојки:

  • 8 големи лажици просо
  • 400 g спанаќ
  • 8 големи лажици овесно брашно
  • 200 ml јогурт
  • 2 јајца
  • 100 ml кокосово масло
  • 200 g урда
  • 1 лажичка чиа семе

Начин на подготовка:

Просото се вари околу 10-15 минути, сè додека не ја впие водата. Во длабок сад се матат јајцата, потоа се додава овесното брашно, свареното просо, сирењето и претходно изблендираниот спанаќ со јогурт.

Сето ова заедно се меша и потоа се пече во тавче претходно обложено со хартија за печење околу 15 минути на 200 степени. 5 минути пред да го извадете од печење се додава чиа семето.

cooking with branko tri recepiti koi moze da gi podgotvite dodeka ste vo izolacija 5

Сендвич со авокадо

Потребни состојки:

  • Половина авокадо
  • Една варена жолчка
  • Интегрално потпечено лепче
  • 20 g путер
  • 6 листови спанаќ
  • Семки од сончоглед, тиква и соја
  • Крем од авокадо

Потребни состојки за кремот од авокадо:

  • Едно авокадо
  • 150 ml маслиново масло
  • 1 мала лажичка сол
  • Половина лажичка бибер
  • Едно чешне лук

Начин на подготовка на кремот од авокадо:

Во блендер ги додаваме следните состојки: авокадото, лукот, маслиново масло и зачините. Блендираме сè додека не добиеме хомогена зелена смеса со свиленкаста текстура.

Ја ставаме во тегла, ја затвораме убаво и ја оставаме да стои во фрижидер сè додека не ги подготвиме останатите состојки за тостот со спанаќ и авокадо.

Начин на подготовка на сендвичот со авокадо

Интегралните лепчиња ги премачкуваме од една страна со путер и ги печеме на тостер.

Откако ќе се испечат го додаваме спанаќот, врз него го додаваме сеченото авокадо на листови и ја додаваме варената жолчка.

Врз целиот состав, додаваме неколку лажички од кремот од авокадо, и семките од соја, тиква и сончоглед.

cooking with branko tri recepiti koi moze da gi podgotvite dodeka ste vo izolacija 4

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепт за пилешко полнето со печурки и пармезан Ако досега не сте зготвиле пилешки гради на овој начин, пробајте ги веднаш - нем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg