Без печење: домашни чоколадни коцки со ореви
Буквално ќе излижете прсти од овие домашни чоколадни коцки. Идејата за смесата потекнува од Америка, мека и помалку растеглива која во составот задолжително има путер, шеќер и млеко.
Како да направите домашен американски fudge?
Потребни состојки:
- 2 пакувања кондензирано млеко (засладено)
- 200 gr путер
- 200 gr шеќер
- 150 gr сечкани ореви
- 2 лажици екстракт од ванила
- 400 gr темно чоколадо (со најмалку 70% какао во составот)
* доколку сметате дека оваа доза ви е преголема, преполовете ги состојките
Начин на подготовка:
1. На тивок оган во подлабок зад за готвење се мешаат кондензираното млеко, путерот и шеќерот.
2. Кога состојките се добро измешани, температурата се засилува и не се престанува со мешање во следните 15 минути. Смесата треба да се згусне, односно да добие боја на карамела.
3. Кога смесата е готова се трга од оганот, се додаваме темното чоколадо искршено на парчиња, ванилата и сечканите ореви (доколку сакате поинтензивен вкус, слободно може малку да ги потпечете претходно, но внимавајте да не изгорат).
4. Состојките се мешаат додека не се добие мазна смеса. Смесата се истура во правоаголно тавче и се остава во фрижидер најмалку 2 часа.
5. Се сече на коцки со големина по ваша желба.
(О)Милена | Црнобело