Импровизирана Цезар салата во домашни услови - подеднакво вкусна како во ресторан

Доколку ви недостасува да нарачате сочна Цезар салата со фантастичен дресинг и крцкави лепчиња, може да си ја направите и сами, во домашни услови.

improvizirana-cezar-salata-vo-domasni-uslovi-podednakvo-vkusna-kako-vo-restoran-01.jpg

Подеднакво е вкусна како и онаа во ресторан, а можеби и за нијанса поздрава, бидејќи дресингот го правите сами.

Потребни состојки (количината може да ја менувате по желба):

  • 1-2 парчиња бело месо, печено или испржено
  • 6-7 листови зелена салата 
  • 10-тина чери домати
  • Малечка краставица исечена на големи коцки
  • 2 лажици кисело млеко
  • 1 лажица павлака
  • Малку сенф
  • Маслиново масло
  • 1 мала шолја кубети
  • Пармезан

Подготовка:

Во длабока чинија ставете ги киселото млеко, павлаката, сенфот и доколку одберете неколку зачини како сол и бибер.

Сите останати состојки со исклучок на кубетите исечете ги, посолете ги и ставете им 2-3 лажици маслиново масло.

Промешајте и наредете во стаклен сад, па потоа прелијте со сосот од кисело млеко. Наросете ги кубетите.

Оладете ја салатата барем 1 час, па потоа послужете. Пред послужување посипете го пармезанот.

improvizirana-cezar-salata-vo-domasni-uslovi-podednakvo-vkusna-kako-vo-restoran-02.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg