Без печење: Чоколаден чизкејк
Ви се јаде благичко додека сте дома нели? Сакате да подготвите нешто на брзинка? Што велите за чоколаден чизкејк без печење?
Потребни состојки:
За подлогата:
- 150g мелени бисквити
- 100ml млеко
- 100g топен маргарин
- 100g шеќер
- 100g стопено чоколадо за готвење
За филот:
- 200g стопено млечно чоколадо
- 400ml слатка павлака
- 300g крем сирење
- 130g шеќер во прав
За глазурата:
- 150ml слатка павлака
- 150g чоколадо за готвење
Подготовка:
На подлогата:
Измешајте ги бисквититите, млекото, стопениот маргарин, шеќерот и чоколадото за готвење. Смесата поставете ја на подлога со дијаметар од околу 25cm и распоредете ја смесата. Подготвената подлога ставете ја во фрижидер додека го подготвувате филот.
Подготовка на филот:
Изматете ја слатката павлака додека да добие цврстина. Во посебен сад изматете го крем сирењето со шеќерот во прав. Додадете го стопеното млечно чоколадо и измешајте ги заедно.
Додадете ја оваа смеса во смесата од слатката павлака и соединете ги состојките. Добиената смеса ставете ја во калапот врз подлогата. Тортата ставете ја во фрижидерот додека ја подготвувате глазурата.
Подготовка на глазурата:
Слатката павлака загрејте ја до вриење на средна температура. Додадете го чоколадото за готвење и мешајте додека не се растопи. Глазурата оставете ја да се олади и потоа прелијте го филот во калапот. Тортата оставете ја во фрижидер во текот на ноќта за да се стврдне добро.
Декорирајте со овошје по желба.
На здравје десерт!
Е. П. | Црнобело