Посна, полнета погача - идеална за да си ја понесете на работа за појадок
На сите ни е смачено да мислиме што ќе јадеме на работа денес, а дилемата се отежнува доколку решивте да постите.
„Прва помош“ нека ви биде оваа брза и здрава полнета погача, која воедно е и посна.
Лесно се прави и уште полесно се пакува за носење.
Состојки:
- 300ml млака вода
- 20g квасец
- 1 лажичка шеќер
- Малку сол
- 50ml маслиново масло
- 450g брашно
- 2 црвени пиперки
- Кисели краставички
- Маслинки
- Крупна сол
Подготовка:
Квасецот потопете го во млака вода, па додајте го шеќерот. Кога ќе нарасне, додадете го брашното, солта, малку масло и замесете тесто.
Оставете да отстои во покриен сад 30-тина минути.
Развлечете го тестото на плех, додека не добие дебелина од околу 2 сантиметри.
Исечкаје ги зеленчуците и одозгора премачкајте со масло.
Печете на 220 степени околу 20-30 минути.
Печената погача проросете ја со морска сол и оставете ја да отстои неколку минути пред да ја сечете.
М. Д. | Црнобело