Неодоливо вкусни, декоративни канапеи за мезе, забави и родендени
Дали планираме да правите домашна забава? Можеби ви се ближи роденденот вам или на некоја блиска, сакана личност или сте едноставно расположени за добро, квалитетно мезе?
Доколку одговорот е ДА на сите или кое било од претходно поставените прашања, време е да направите мали, солени залачиња – вкусни канапеa на кои нема да може никој да им одолее.
Потребни состојки:
- Леб – француски багет или тост леб
- Шунка, пршута, печеница, свеж лосос исечен на тенки листови (по желба)
- Чери домати, моркови, пиперки, краставици, рукола, маслинки
- Димено сирење, тврдо, биено сирење, моцарела, кашкавал (по желба ги бирате состојките)
- Крем сирење или некој друг намаз по желба како наут, песто итн.
- Свежо лукче, путер, зачини по желба
Начин на подготовка:
1. Доколку сакате пикантни канапеa и планирате да ги сервирате топли, најдобро е исечканите парчиња леб да ги намачкате со тенок спој путер и лук. Потпечете ги сосема малку (1-2) минути во загреана рерна и може да започнете со нанесување на состојките, по сопствена желба.
*Доколку пак планирате да ги сервирате ладни слободно скокнете го чекорот со потпекување на лепчињата.
2. Нанесете намаз – крем-сирење, песто или наут, а можете да ставите дури и паштета (пилешка или од туна).
3. Потоа ставете сувомеснато по избор, а врз него кашкавал или сирење по избор. Декорирајте со шери домати, кругови краставички или моркови, рукола, сечкана пиперка, магдонос, маслинки… и нанесете зачини по желба (сол, црвен или црн пипер, куркума, итн.)
Погледнете ги следните неколку идеи за декорација и инспирирајте се за вашите следни канапеа:
(О)Милена | Црнобело