Мезе на кое нема никој да му одолее: солени корпи со ајвар
Доколку (по некое чудо) ви се наоѓа уште некоја неотворена тегла ајвар дома, време е да ги направите овие вкусни, солени корпи полнети со т.н. „македонски кавијар“.
Интересно е што и во тестото и во филот има ајвар, така што сите љубителите на ајварот не смеат да го пропуштат овој рецепт и вкус:
Потребни состојки:
- 250 g брашно
- 1 лажичка прашок за печиво
- 1 лажичка сол
- 100 ml масло
- 100 ml кисела вода
- 2 лажици ајвар
- За филот: ајвар, крем-сирење, обично сирење.
Начин на подготовка:
1. Во подлабок сад измешајте го сите наведени состојки за тестото (по истиот редослед). Замесете меко и мазно тесто и развлечете го со помош на сукало со дебелина од околу 3 mm.
2. Со помош на чаша извадете кругови од тестото. Свртете го калапот за мафини наоколу и извадените кругови од тестото ставете ги врз формите од калапот со цел да добиете корпи.
3. Печете ги корпите во загреана рерна на 200 степени, околу 10 минути, а со помош на чепкалка проверете дали тестото е печено.
4. Откако подготвените корпи ќе се оладат наполнете ги со фил по избор – крем-сирење, обично сирење, ајвар, шунка, итн.
* Доколку сакате попикантен вкус, употребете лут ајвар.
(О)Милена | Црнобело