Рецепт од нашите баби: Полнет виолетов кромид

Во балканската традиционална кујна, покрај пиперки и тиквички, постои и рецепт за полнет кромид.

recept-od-nashite-babi-polnet-violetov-kromid-01.jpg

Виолетовиот кромид го губи силниот мирис при печењето, па нема потреба да се грижите дека ќе мирисате на кромид со денови.

Ова е рецептот на нашите баби:

Состојки:

  • 4 големи главици виолетов кромид
  • Сол и бибер
  • 1 црвена пиперка
  • 400g јунешко мелено месо
  • 1 лажичка мајоран
  • 1 лажица масло
  • 200ml супа од коцка
  • Рендан кашкавал

Подготовка:

Исчистете го кромидот и исечете го врвот. Издлабете со лажичка. Содржината од средината која ќе ја извадите, ситно исечкајте ја.

Четирите издлабени кромиди проварете ги околу 2 минути во зовриена вода со малку сол и оставете ги да се исцедат.

Исечкајте ја пиперката ситно, па додадете ја во месото заедно со исечканиот кромид од средината. Додадете сол и бибер, па промешајте.

Загрејте ја рерната на 180 степени.

Наполнете ги главиците кромид со меленото месо и поклопете со врвот од кромидот кој го сецнавте.

Ставете малку масло во тавата и наредете ги. Налејте ја во тавата и супата од коцка.

Печете 30-40 минути, а кога ќе бидат при крај ставете им малку рендан кашкавал одозгора.

Послужете со ориз или печен компир.

recept-od-nashite-babi-polnet-violetov-kromid-02.jpg

recept-od-nashite-babi-polnet-violetov-kromid-03.jpg

recept-od-nashite-babi-polnet-violetov-kromid-04.jpg

recept-od-nashite-babi-polnet-violetov-kromid-06.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg