Супа од компир со сланина на која нема да можете да ѝ одолеете

Еден од триковите за совршена супа е да додадете кора од пармезан или некое друго квалитетно сирење. Густа супа е идеален спас за вишокот печен компир, а со „мала помош“ на сланина и павлака, можете да подготвите оброк на кој нема да можете да му одолеете.

Supa od kompir so slanina na koja nema da mozete da i odoleete 01

Состојки:

  • 3 големи печени компири
  • 40g путер
  • 1 кромид
  • 1 павлака
  • 1,5l вода
  • сланина според ваша желба
  • сол, бибер, вегета (по вкус)

Supa od kompir so slanina na koja nema da mozete da i odoleete 02

Подготовка:

Исечете го кромидот и испржете го во путер околу 10 минути или додека не омекне. Исечете ги компирите на парчиња и додадете ги во кромидот и гответе ги околу 5 минути. (Ако сакате, можете да додадете и кора од сирење)

Додадете 1,25l вода и вегета и варете половина час. Мешајте додека супата не биде мазна и кремаста. Додадете сол и бибер. Ако ви е премногу густа смесата, додадете повеќе вода.

Послужете ја супата со павлака и пржени коцки од сланина.

Добар апетит!

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Брз летен ручек: Полнети пиперки со фета сирење и сланина Сте пробале ли полнети пиперки со сирење и сланина? Ако не, ова ќе ви стане омил...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg