Полнети пилешки плескавици со моцарела – ќе излижете прсти

Доколку ви се досадија стандардните плескавици од мелено месо време е да ги подготвите овие пилешки полнети со моцарела (или друго сирење/кашкавал по избор).

Polneti-pileski-pleskavici-so-mocarela-01.jpg

Сепак, поради зачините ја препорачуваме моцарелата како најнеутрално сирење по вкус, кое лесно се топи и има способност да се „тегне“ според текстурата, нешто што го обожаваме сите.

Потребни состојки:

  • 500 g бело, пилешко, зготвено месо
  • 1 јајце
  • 5 лажици лебни трошки
  • 2 главици кромид со средна големина
  • Моцарела (или кашкавал по избор, фета сирење…)
  • Сол, бибер, магдонос и други зачини по вкус

Начин на подготовка:

1. Во блендер или „сецко“ ставете ги сите наведени состојки, освен моцарелата. Потребно е да добиете густа, компактна смеса од која лесно ќе може да обликувате плескавици.

2. Во средината на плескавиците ставете парчиња моцарела или некој друг кашкавал, по избор. Добро затворете ги и пржете на средно загреана температура на путер или сончогледово масло, додека двете страни од плескавиците добро не заруменат.

3. Наместо да ги пржите, можете и да ги испечете во загреана рерна на 180˚С на хартија за печење исто додека добро не поруменат (сепак, имајте предвид дека многу посочни ќе бидат испржени, отколку печени).

4. Во кружни лепчиња за бургери намачкајте домашен кечап или салца. Ставете ја плескавицата во лепчето и – загризете.

Polneti-pileski-pleskavici-so-mocarela (4).jpg

Polneti-pileski-pleskavici-so-mocarela (3).jpg

Polneti-pileski-pleskavici-so-mocarela (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Брз летен ручек: Полнети пиперки со фета сирење и сланина Сте пробале ли полнети пиперки со сирење и сланина? Ако не, ова ќе ви стане омил...
Рецепт за путер колачиња со рум од кои ќе замириса целиот дом Денес ви прикажуваме еден супер лесен рецепт за путер колачиња со рум. Лесен ...
Рецепт за брза пилешка салата – идеално мезе кога чекате гости Заради овој рецепт секогаш ќе практикувате да имате дома пилешко месо и крастави...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg