Подгответе: Руска салата по рецепт од Русија

Руската салата е неизбежен дел од новогодишните празници. 

podgotvete-ruska-salata-po-recept-od-rusija-01.jpg

Во Русија руската салата се нарекува „Oливје“ според името на пронаоѓачот, францускиот готвач Лисјен Оливје.

Тој бил сопственик на московскиот „Ермитаж“, еден од најлуксузните ресторани во Русија и го држел рецептот во тајност до својата смрт.

Оригиналната салата според рецептот на Оливје имала една важна разлика: таа задолжително се правела со месо и се сервирала со ракчиња.

Ова е рецептот по кој се подготвува во Русија денес. Пробајте дали ви е по мерак: 

Состојки

  • 500 грама компири
  • 300 грама месо (говедско, телешко, пилешко или мисиркино - по избор)
  • 200 грама кисели краставички
  • 2 моркови
  • 4 јајца
  • 200 грама грашок
  • 1 главица кромид
  • 1 лажичка сенф
  • 1 лажичка оцет
  • 1 жолчка
  • 300ml растително масло
  • Сол (по желба)

podgotvete-ruska-salata-po-recept-od-rusija-02.jpg

Подготовка

Сварете ги компирите, месото, морковот и јајцата.

Исечкајте ги на мали коцкички.

Исечкајте ги краставичките и кромидот и додадете го грашокот.

Направете мајонез на следниот начин:

Ставете го сенфот, солта и жолчката во длабок сад и мешајте со миксер. Додека мешате, додајте малку масло и оцет. Не престанувајте да миксирате додека мајонезот не ја добие посакуваната густина.

Сите состојки од салатата помешајте ги со мајонезот.

На здравје!

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg