Макарунс: Како да ги направите дома најпопуларните колачиња на светот?

Макарунс се веројатно едни од најпопуларните колачиња на светот.

 makaruns-kako-da-gi-napravite-doma-najpopularnite-kolacinja-na-svetot-01.jpg

Слатки се, и се одлични да ги имате дома за време на празниците.

Како да ги подготвите во вашиот дом? Ова е верзија за макарунс со крем од ванила. Со состојките за други варијанти може да си играте со разни комбинации. 

Потребни состојки:

  • 4 белки
  • 150 грама бадемово брашно
  • 140 грама шеќер во прав
  • Половина лажичка цимет
  • 150 грама бел шеќер

За кремот:

  • 115 грама крем сирење
  • 40 грама путер (омекнат на собна температура)
  • Лажичка екстракт од ванила
  • 180 грама шеќер во прав
  • Цимет за наросување (по желба)

makaruns-kako-da-gi-napravite-doma-najpopularnite-kolacinja-na-svetot-02.jpg

Подготовка:

Белките ставете ги во еден мал сад да отстојат на собна температура околу 30 минути.

Измешајте ги во еден сад бадемовото брашно, 140 грама шеќер во прав и циметот.

Загрејте ја рерната на 160 степени. Изматете ги белките да добиете пена, па во нив постепено додавајте го шеќерот, матејќи цело време.

Во овој сад потоа додадете ја мешавината со бадемовото брашно и се заедно изматете на помала брзина на миксерот.

На хартија за печење направете крукчиња од погоре изматената смеса. Печете ги додека не заруменат и се цврсти на допир – околу 10 до 12 минути. Оставете да се оладат.

Во меѓувреме направете го кремот. Во помал сад изматете го крем сирењето и путерот, па додадете го екстрактот од ванила. Постепено додавајте го шеќерот во прав и матете додека не добиете кремаста смеса. Оставете го 10-тина минути во фрижидер за малку да се заврсти.

Земате едно делче – крукче, го мачкате со кремот и го поклопувате со другата половинка. Ако сакате, одозгора ставете и цимет.

makaruns-kako-da-gi-napravite-doma-najpopularnite-kolacinja-na-svetot-03.jpg

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Вкусен десерт: Чурос залчиња со цимет и путер Чурос потсетуваат на тулумби, а сепак не се. Но овие мали залчиња се превкусни и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg