Сочен начос со пилешко, кашкавал и зеленчук

Се готви само 15 минути, а ќе нахраните 6-8 луѓе истовремено. Совршено мезе со неодолив вкус на кој никој нема да остане рамнодушен.

Socen-nacos-so-pilesko-kaskaval-i-zelencuk-01.jpg

Доколку сте љубител на начос чипсот со многу растопен кашкавал врз него + различни сосови, време е за една пософистицирана, но подеднакво вкусна варијанта: начос со пилешко.

Потребни состојки:

  • 425 g црн грав од конзерва
  • 60 g сечкани, црни маслинки
  • 340 g рендан кашкавал
  • 1 домат
  • 8 млади кромитчиња
  • 1 луто пиперче (по вкус)
  • 500 g ситно сечкано и зготвено пилешко месо
  • ½ шолја доматен сос
  • 500 g тортиља чипс
  • Тартар сос (за послужување)

Начин на подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 220 степени. Обложете подлабоко тавче со хартија за печење.

2. Подгответе ги следните работи одделно: исцедете го гравот од конзервата и измијте го со ладна вода. Исечкајте ги маслинките, изрендајте го кашкавалот, исечкајте го доматот, пиперката, како и младото кромитче.

3. Исечкајте го пилешкото на ситни парчиња и додадете го доматниот сос и добро измешајте.

4. Истурете половина од чипсот распоредувајќи го во тавата за печење. Ставете половина од пилешкото месо врз него, а врз него додадете рендан кашкавал.

5. Повторете ја истата постапка со истите состојки уште еднаш, а на крајот додадете го гравот.

6. Печете додека кашкавалот не се стопи целосно, а краевите на начос чипсот не се заруменат, околу 8 минути.

7. Непосредно пред сервирање додадете ги маслинките, сечканиот патлиџан и пиперката, младото кромитче, а тартар сосот може да го ставите врз начосот или да го послужите во одделен сад.

Socen-nacos-so-pilesko-kaskaval-i-zelencuk (1).jpg

Socen-nacos-so-pilesko-kaskaval-i-zelencuk (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Сочно пилешко во сос од сенф и кари Ако немате идеја за ручек или сакате да зготвите нешто вкусно кога ќе поканите г...
5 домашни сосови кои се одлична замена за мајонез Се подготвуваат брзо, лесно, вкусни се и здрави и одлична замена се за мајонез.....
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg