3 мезиња за викенд собиранки со пријателите
Ако немате испланирано некое патување за продолжениот викенд, идеално време е да се соберете со друштвото и да уживате во вкусни мезиња.
Ако ви е потребна идеја за рецепти што не одземаат премногу време, а сепак ќе може со љубов да им се посветите, нудиме токму такви.
Во продолжение 3 предлог мезиња кои може да ви се најдат за собиранките.
Мини залчиња со кашкавал и пиво
Потребни состојки:
- 300g рендан кашкавал (чедар по можност)
- 2 лажици нишесте
- 120ml пиво + уште 2 лажици дополнително
- 455g тесто за пица
- 1 ¼ l вода
- 45g сода бикарбона
- 1 јајце
- Крупна сол
Начин на подготовка:
Исечете го тестото на ленти и од него формирајте мали топчиња. Измешајте го кашкавалот со нишестето. Во сад, ставете го пивото да се грее, а во него додадете ја мешавината од кашкавалот и почекајте смесата да се соедини.
Загрејте ја рерната на 220˚С. Од мешавината со кашкавалот земајте по една лажичка и ставајте во средина на топчињата, а потоа убаво замотајте го.
Во меѓувреме ставете да се вари вода, а кога ќе завршите со полнење, во водата додадете сода бикарбона и веднаш потопете ги топчињата во вода 20-30 секунди.
Ставете ги на хартија за печење и премачкајте ги со јајце и наросете сол. Печете 15-20 минути.
Начос од печен компир
Потребни состојки:
- Компир (количина по желба)
- Рендан кашкавал (по желба)
- Неколку парчиња сечкана сланина
- Додатоци по желба
Начин на подготовка:
Исечете го компирот на тенки кругови. Круговите потопете ги во вода, а потоа наредете ги на хартија за печење и истурете им маслиново масло.
Печете 20-25 минути на 220˚. Извадете ги на фолија и редете ги слоевито – наизменично компири и намирници за полнење. Вратете ги во рерна уште 5-10 минути, а потоа декорирајте по желба.
Кесадиљи со пилешко и зеленчук
Потребни состојки:
- 3 парчиња стек
- 2 лажици зачин за месо или друг по вкус
- 2 лажици маслиново масло
- 1 кромид, сечкан
- 4 чешниња лук, сечкани
- 3 бабури, сечкани
- 1 лимета, исцедена
- 8 тортиљи
- 2 лажици путер
- 200g рендан кашкавал
Начин на подготовка:
Исечете ги стековите на тенки ленти, зачинете ги и ставете ги на загреано 1 лажица маслиново масло. Пржете го месото од двете страни додека не добие добра боја.
Загрејте уште една лажица масло, додадете ги кромидот и лукот и гответе неколку минути. Потоа додадете ги пиперките, оставете да се готват и на крај измешајте ги со месото и тргнете ги од оган.
Во ново тавче, стопете путер, ставете тортиља одозгора и мрдајте ја за путерот да се распореди насекаде. Ставете го кашкавалот и мешавината од зеленчук па повторно малку кашкавал, а потоа покријте со уште една тортиља и свртете ја обратно. Оставете така додека не добие златеста боја. Тргнете од тавче и повторете со другите тортиљи.
Исечете ги на триаголници и сервирајте со разни сосови.
М. М. | Црнобело