Брз ручек и мезе – зачинети, пилешки плескавици со тиквички
Овие зачинети, мали плескавици со пилешко месо и тиквичка се одлично мезе, но и ручек кој се подготвува брзо и лесно.
Може да ги јадете самостојно со сос по избор, со салата, во тортиљи… можностите се многубројни.
Потребни состојки:
- 450 g пилешко месо, многу ситно сечкано, а може и мелено
- 1 тиквичка со средна големина, излупена, изрендана и исцедена од вишокот вода
- 1 чешне лук, ситно сечкано
- ¾ лажичка сол
- ½ лажичка црн бибер
- ¼ лажичка кромид во прав
- 1+1/2 лажица кокосово масло
- *лебни трошки (по избор)
Начин на подготовка:
1. Помешајте ги сите наведени состојки (освен кокосовото масло) додека добро не се соединат. Смесата треба да биде влажна. Доколку сметате дека смесата ќе ви се распаѓа бидејќи е премногу мека, слободно додадете малку лебни трошки.
2. Формирајте мали топчиња, а потоа обликувајте ги во плескавички.
3. Пржете ги на загреано кокосово (или обично) масло на средна температура, 5-6 минути од секоја страна или додека плескавиците добро не се заруменат.
4. Сервирајте ги додека се топли.
(О)Милена | Црнобело