Полнети, печени пиперки во лиснато тесто – брзо, лесно и вкусно
За овој рецепт ќе ви бидат потребни 5 големи, црвени, т.н. „меснати“ пиперки. Доколку немате нерви да ги полните, да ги пржите, да чекате да се оладат, па да ги излупите, ова е вистинскиот рецепт за вас.
Брзо, лесно вкусно, за ненајавени гости, за моментите кога ви се јаде нешто топло и хранливо или кога навистина немате повеќе идеја што да зготвите.
Потребни состојки:
- 5 големи црвени пиперки
- 200 gr готово лиснато тесто
- 250 грама урда или сирење
- 100 грама шунка (или друга салама по желба)
- 2 јајца
- 50 грама брашно
- Малку маслиново масло
- Сол, бибер и други зачини по избор (куркума, коријандер итн.)
Начин на подготовка:
1. Измијте ги пиперките и пресечете го горниот дел кај дршките.
2. Помешајте ги наведените состојки – урдата или сирењето заедно со шунката, јајцата, брашното, маслото и зачините.
3. Наполнете ги внимателно пиперките со смесата.
4. Развлечете тенка кора од лиснатото тесто и исечете ленти. Внимателно завиткајте ги пиперките со лентите.
5. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 25 минути. Продолжете да печете со вентилатор уште 15 минути додека добро не се заруменат.
(О)Милена | Црнобело