Брза зимница без конзерванси – пиперки во сенф
Можеби на прв поглед ќе ви звучи необично, но пиперките во сенф се неверојатен зимски деликатес кој ќе ја замени здодевната зимница.
Најважното е што се подготвува брзо и лесно, не содржи конзерванси, одлична зимница за мезе, но и како додаток во многу јадења.
Потребни состојки:
- 30 пиперки (црвени и зелени, по избор)
- 5 главици лук
- 5 главици кромид со средна големина
- 250 ml јаболков оцет
- 250 ml вода
- 3 лажици шеќер
- 2 лажици сол
- 600 g сенф
- 20 ml масло
Начин на подготовка:
1. Исечкајте ги пиперките на ситни парченца, заедно со лукот и кромидот.
2. На тивок оган помешајте го јаболковиот оцет, водата, солта и шеќерот. Кога ќе се стопат солта и шеќерот додадете го сечканиот зеленчук и оставете да се обари додека не омекне, околу 10 минути. Процедете и оставете го околу 3 часа добро да се доцеди од течноста и да се олади.
3. Помешајте го сенфот и маслото и добро соединете ги со исцедениот зеленчук.
4. Наполнете ги претходно стерилизираните тегли и чувајте ја зимницата на ладно, суво и темно место.
(О)Милена | Црнобело