Рецепт на денот: брз пица-ролат со готови кори
Дури и да не сте највештиот човек во кујната лесно може да подготвите пица со готови кори. Доколку ви е здодеано обичното тесто, готовите кори се одлична замена, а вкусот е неверојатен.
Одличен домашен деликатес за појадок, ручек или вечера, еве како може да направите ролована пица со готови кори:
Потребни состојки:
- 500 g готови кори за пита
- 2 мали павлаки
- Кечап или доматен сос
- Пилешка или свинска шунка (по избор)
- 150-200 g кашкавал
- 400 g печурки
- 2 јајца
- 2 лажици масло за готвење
- Малку оригано и сол
Начин на подготовка:
1. Корите поделете ги на половина, бидејќи се подготвуваат 2 ролата. Секоја кора се премачкува со дел од состојките и се редат една врз друга.
2. Помешајте ги јајцата со маслото и додадете малку сол.
3. Првата кора се премачкува со ½ павлака.
4. Втората кора ја премачкувате со кечап и оригано.
5. Третата кора се премачкува со мешавината од јајца и масло.
6. На четвртата кора нанесувате шунка.
7. На петтата кора нанесувате парчиња кашкавал.
8. Шестата кора е резервирана за сечканите печурки.
9. Последната, седма кора ја премачкувате со преостаната ½ павлака и уште малку кечап.
10. Вака наредените кори внимателно ги виткате во ролат, наросувате оригано и печете во загреана рерна на 180 степени, додека не зарумени.
* Истата процедура се однесува и на втората половина од корите.
** По вкус може да додадете и кисели краставички или маслинки во некоја од корите, на пример заедно со кашкавалот.
(О)Милена | Црнобело