Домашни Моцарт топчиња со Нутела, повкусни од оригиналот
Наместо да чекате некој да ви подари „Моцарт куглици“, можете сами да си ги направите дури и повкусни од оригиналните.
Љубителите на марципан не смее да пропуштат да го пробаат овој рецепт за вкусни чоколадни топчиња.
Се подготвуваат лесно, а со сигурност ќе ви станат омилен десерт кога за ќе ви „падне шеќерот“...
Потребни состојки:
- 600g марципан
- 2-3 лажички шеќер во прав (за марципанот)
- 250g Нутела
- 100-150g пржени, мелени лешници
- 5 големи лажици рум
- 375g квалитетно темно чоколадо
Начин на подготовка:
Размесете го марципанот во голем круг со дебелина од околу 1 cm заедно со малку шеќер во прав, за да избегнете лепење. Нутелата, лешниците и румот измешајте ги со лажица додека не добиете густа смеса. Румот ќе ја стврдне малку смесата, па ќе може да ги полните топчињата со раце.
Со чаша или калап сечете го марципанот на кругови и секој круг полнете го со смесата со Нутела, па распоредете го марципанот насекаде при формирањето топчиња. Наредете ги на плех со хартија за печење, па ставете ги во фрижидер 2-3 часа.
Изладените топчиња извалкајте ги во претходно стопено чоколадо. Оставете ги во фрижидер уште 1-2 часа, а потоа сервирајте по желба. Од оваа количина излегуваат 25 поголеми или 40 помали топчиња.
М. М. | Црнобело