Десерт во чаша - чоколаден пудинг со сладок бриош леб и рум

Чоколадниот пудинг кој вклучува сладок леб во рецептот често пати се наоѓа во менито на многу држави, особено во Британија и САД.

Cokoladen-puding-so-briosh-leb-i-rum-01.jpg

Овој пат имаме рецепт кој е лесен за следење, а резултатот е неверојатен, дури повкусен од торта.

Доколку сте расположени за испробување на нови слатки десерти, тогаш мора да го пробате пудингот со чоколадо, бриош леб и рум, совршен за ладните денови кои следуваат:

Потребни состојки:

  • 600 ml слатка павлака за готвење
  • 250 ml млеко
  • 1/2 кесичка цимет
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 150 gr сечкано млечно чоколадо
  • 100 gr сечкано темно чоколадо
  • 75 gr шеќер
  • 4 жолчки
  • 2 лажици темен рум
  • 400 gr леб бриош, исечкан на покрупни парчиња
  • 150 ml кисела павлака
  • 1 лажица шеќер во прав

Cokoladen-puding-so-briosh-leb-i-rum (1).jpg

Начин на подготовка:

1. Помешајте 500 ml од слатката павлака со млекото, циметот и ванилата во подлабок сад на средна температура додека не започне да врие. Во друг сад, помешајте ги двата типа на чоколадо (млечно и темно) и врз нив истурете го кремот од слатката павлака додека е уште врел за да ги соедините двете смеси.

2. Во трет сад изматете ги жолчките со шеќерот додека смесата не добие бледа боја. Во нив додадете ја подготвената чоколадна смеса, добро измешајте, а на крајот додадете рум.

3. Исечканиот бриош ставете го во подлабока чинија, а врз него истурете ја чоколадната смеса, на собна температура околу 30 минути. Повремено притискајте го лебот, со цел побрзо да ја апсорбира течноста.

4. Загрејте ја рерната на 180 °C. Подмачкајте 8 огноотпорни шолји или мали садови по избор и наполнете ги со натопениот бриош. Додадете вода во тавчето за печење, чие ниво треба да дојде некаде до половина на садовите и печете околу 25 минути.

5. Преостанатите 100 ml од слатката павлака измешајте ги со 150 ml кисела павлака и додадете го шеќерот во прав додека не добиете изедначена смеса. Прелијте го подготвениот пудинг од бриош и по желба декорирајте со рендано чоколадо, цимет или уште малку шеќер во прав.

Cokoladen-puding-so-briosh-leb-i-rum (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg