Десерт на денот: Најлесната ресана торта
-->
Ако мислите дека не сте доволни вешти да направите сами торта, овој рецепт ќе ве предомисли.
Се подготвува многу лесно, а никој нема да одолее на изгледот и вкусот на десертот кој сте го зготвиле сами.
-->
Изненадете ги најблиските со ресана торта со богат вкус на чоколадо и портокал, за која ви се потребни состојки кои речиси секогаш ги имате дома, со плус неколку додатоци.
Потребни состојки:
- 175 g брашно
- 50 g какао во прав
- 300 g шеќер
- 100 g омекнат путер
- 3 јајца
- 30 ml млеко
- 30 ml сок од портокал
- Кора од 1 голем портокал
- 2 пакетчиња желе со вкус на портокал
- 200 g темно чоколадо
- 150 ml крем за готвење
- 1 пакетче ресани
Начин на подготовка:
Состојките за тестото измешајте ги и ставете во сад да се печат 30 минути на 180˚С, потоа стопете го желето и оставете 1 час да се излади, па ставете го врз тортата и прелијте со мазна чоколадна смеса.
На крај, декорирајте со ресани и уживајте!
-->
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Здрава ресана торта, подготвена во блендер
Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат
Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби
Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Направете вкусна мусака со модри домати, по грчки рецепт
Ако сте расположени за традиционален ручек, но ви се здосадени секојдневните рец...
Рецепт за здрава пица со тесто од црвена леќа, погодна и за деновите кога се пости
Направете една поинаква пица и изненадете ги вашите блиски со вкус кој не го оче...
Чоколадни бомбици од смеса за готова торта
Со смеса за чоколадна торта за час ќе направите супер десерт - вкусни бомбици со...
-->