Две лесни пудинг торти кои се топат во уста

Не сите може да се пофалат дека се експерти во готвењето, но тоа не значи дека не може да направат вкусен десерт.

dve-lesni-puding-torti-koi-se-topat-vo-usta-01.jpg

Најлесни рецепти најчесто се оние со пудинг, а во продолжение ви нудиме 2 такви десерта, едниот со печење, другиот без.

Разгледајте ги добро и одлучете се кој повеќе ви лежи, но кога ќе ги видите сликите, ќе посакате да ги пробате двете кои се топат во уста.

Чоколадна пудинг торта

Потребни состојки:

  • 250 ml млеко
  • 60 g шеќер
  • 15 g какао во прав
  • 5 g нишесте
  • 2 листа желатин

Начин на подготовка:

Омекнете ги листовите желатин во ладна вода 5 минути. Ставете во тава 200 ml млеко, шеќерот и какаото на средна топлина.

Измешајте го остатокот од млекото со нишестето и истурете го во тавата со останатите состојки.

Оставете мешавината да се загрее додека не почне да врие, а потоа тргнете го тавчето од огат и додадете го желатинот.

Измешајте ја смесата добро со помош на блендер и истурете во калап. Оставете да отстои во фрижидер најмалку 3 часа.

Превртете го калапот на рамна чинија, па декорирајте со шлаг и трошки чоколадо.

dve-lesni-puding-torti-koi-se-topat-vo-usta-002.jpg

Торта со кокос

Потребни состојки за смеса:

  • 500 ml обезмастено млеко
  • 4 јајца
  • Кокосово брашно (количина по вкус)
  • 2 лажици кафеав шеќер
  • 3 g стевија

Потребни состојки за карамел:

  • 50 g кафеав шеќер
  • 2 лажици вода

Начин на подготовка:

За да го направите карамелот, измешајте го кафеавиот шеќер со водата во нелеплива тава на ниска температура.

Кога ќе биде готово, истурете го на дното на калапот кој ќе го користите за готвење.

Искршете ги јајцата во друг сад и изматете ги заедно со засладувачите, па додадете го кокосот.

Потоа додавајте млеко малку по малку додека не добиете совршена смеса.

Истурете ја смесата во калапот врз карамелот, потоа ставете го калапот во тава со вода и ставете да се пече 40-45 минути на 200˚С.

dve-lesni-puding-torti-koi-se-topat-vo-usta-03.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
За љубители на кафе: Браунис колачиња што се топат во уста  Браунис колачиња со вкус на еспресо - има ли подобар десерт за љубителите на чок...
Фенси појадок што ќе им успее и на оние што не ги бива во кујна Како да направите фенси појадок за гостите што сакате да ги импресионирате со св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg