Мезе за мерак: Крцкав зачинет сладок компир со сос
-->
Фотките покажуваат и повеќе од доволно. Екстра крцкавиот помфрит од сладок компир зачинет со свежа лимета и лукче е одлично мезе, без разлика дали ќе гледате ракомет, серија или за собирање со семејството дома без повод.
Што ви е потребно? (количината на состојките менувајте ја зависно од посакуваната количина на мезето)
- 2 големи слатки компири
- 5-6 сечкани чешниња лук
- 2 лажици рендана кора од лимета
- 5 + 2 лажици маслиново масло
- 1 ½ лажичка морска сол
- Сок од 1 цеден лимон
- Свеж мелен црн бибер
- Свеж магдонос
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 180°С.
- Исечете ги слатките компири на долгнавести дебели парчиња. Поставете хартија за печење на тавчето, подредете ги компирите со доволно простор меѓу нив.
- Додаете ги зачините, 5 лажици маслиновото масло и останатите состојки.
- Печете ги околу 20 минути на 180°С загреана рерна, а потоа додадете уште 2 лажици маслиново масло врз нив.
- Печете уште 70-тина минути. Вкупното печење на компирите изнесува околу 90 минути, во зависност од јачината на вашата рерна. Долгото печење на ниска температура ќе ги направи компирчињата крцкави однадвор, а меки одвнатре.
- Во меѓувреме, направете го сосот.
Потребни состојки за сос:
- 1 шолја мајонез,
- ½ шолја свеж магдонос,
- ¼ шолја сок од лимон,
- 3-4 големи чешниња лук,
- 1 лажичка рендана кора од лимон,
- ½ лажичка морска сол и бибер по вкус.
Сите состојки се мешаат во блендер додека смесата не стане мазна.
-->
Уживајте во мезето со вашите најблиски.
-->
-->
-->
(O)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа
Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство
Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Брз ролат со плазма и овошје (без печење)
Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби
Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
3 рецепти за деновите кога постите без масло
Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
-->