Рецепт на денот: Солени бомбици повкусни од топено сирење
Овие солени бомбици претставуваат вистинско откровение за секој кој ќе ги проба.
Сите вие кое сте љубители на топеното сирење, ова е рецептот кој веднаш ќе го научите на памет и ќе стане редовен оброк на вашето мени.
Состојки:
- 500g биено сирење
- 3 лажици рендан пармезан
- 1 јајце
- 100g брашно
- ½ лажичка оригано
- лебни трошки
- масло
Начин на подготовка:
Изрендајте го биеното сирење, додадете го пармезанот и јајцето и добро измешајте.
Во добиената смеса додајте го брашното и ориганото.
Измесете го убаво тестото, a ако гледате дека премногу е течно додадете уште малку брашно.
Од добиеното тесто направете топчиња кои подоцна ќе ги извалкате во лебни трошки.
Топчињата сo лебни трошки пржете ги во масло додека не поруменат.
По вадењето ставете ги на салфетка која ќе го впие вишокот масло.
Послужете со сос по желба или со салата.
М. С. | Црнобело