Брзи, мрзливи ручеци за викенд

Ладните денови се идеално време за подготвување на вкусни и брзи рецепти кои ќе ви ја загреат душата, без многу мака и потрошено време. Со нив бргу ќе можете да седнете пред на семејната трпеза или каучот и да уживате во нешто сочно.

3-brzi-i-socni-recepti-idealni-za-ladnite-denovi-9.jpg

Еве неколку брзи предлози:

Гиро пита како пица

3-brzi-i-socni-recepti-idealni-za-ladnite-denovi-7.jpg

Едноставно не сакате да чекате да ви се одмрзне готовото тесто или да чекате да „стаса“ тесто кое претходно вие треба да го подготвите? Гиро питите се одлична замена за тестото за пици, а и далеку побргу ќе г подготвите.

Потребни состојки (за едно лице):

  • 2 парчиња гиро пита
  • 1 - 2 лажички маслиново масло
  • 4 - 5 лажици сос од домати
  • 1 шолја рендан кашкавал
  • Сувомесен производ по желба
  • Пармезан по желба

Подготовка:

Загрејте ја тавата на тивко, ставете едно парче гиро пита на маслиновото масло и веднаш нанесете тенок слој од сосот од домати и слој кашкавал.

3-brzi-i-socni-recepti-idealni-za-ladnite-denovi-1.jpg

3-brzi-i-socni-recepti-idealni-za-ladnite-denovi-2.jpg

3-brzi-i-socni-recepti-idealni-za-ladnite-denovi-3.jpg

Потоа ставете ја и втората гиро пита.

3-brzi-i-socni-recepti-idealni-za-ladnite-denovi-4.jpg

Со еден брз потег превртете ги.

3-brzi-i-socni-recepti-idealni-za-ladnite-denovi-5.jpg

Потоа нанесете уште еден слој кашкавал и салама или кулен по желба.

3-brzi-i-socni-recepti-idealni-za-ladnite-denovi-6.jpg

Почекајте да се стопи и горниот слој кашкавал додека не добие златно жолта боја.

3-brzi-i-socni-recepti-idealni-za-ladnite-denovi-7.jpg

Декорирајте со пармезан по желба.


Мини солени ролати со топен кашкавал

3-brzi-i-socni-recepti-idealni-za-ladnite-denovi-8.jpg

Ако сте страсен уживател на топен кашкавал, тогаш малите ролати од леб со топен кашкавал се идеален предлог за вас.

Потребни состојки:

  • 6 парчиња леб за тост
  • 1 лажица путер
  • 6 парчиња кашкавал

Подготовка:

Исечете ја кората од парчињата леб и натапкајте ги со чинија за да можете полесно да ги направите како мини ролат. На нив ставете ги парчињата кашкавал и направете мали ролати.

На претходно загреана тава ставете го путерот, почекајте да се растопи, а потоа ставете ги мини ролатите со кашкавал.

Пржете додека не се стопи кашкавалот внатре, а горниот слој од лебот не крцка.

Детално погледнете го видеото за подготовката:


Потпечени макарони со топен кашкавал

3-brzi-i-socni-recepti-idealni-za-ladnite-denovi-9.jpg

Потребни ќе ви бидат само 30 минути, а ќе добиете вкусен и сочен солен рецепт кој ќе му се допадне на целото семејство.

Потребни состојки:

  • 6 лажици путер
  • 6 парчиња леб
  • 5 ½ шолји млеко
  • ½ шолја брашно
  • 2 лажички сол
  • Лажичка бибер
  • 2 шолји кашкавал
  • 1 пакување макарони

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 190 степени.

Во мала тава ставете го путерот да се растопи и на нив со брзо мешање додадете го брашното сè додека не добиете компактна смеса. На нив додавајте го полека со мешање млекото додека повторно не добиете компактна густа смеса како сос. Во неа ставете ги зачините.

3-brzi-i-socni-recepti-idealni-za-ladnite-denovi-10.jpg

Во лонец 2 – 3 минути варете ги макароните на зовриена вода, а потоа процедете ги и додадете ги во сосот. Додадете ги и шолјите рендан кашкавал. Добро промешајте.

3-brzi-i-socni-recepti-idealni-za-ladnite-denovi-12.jpg

На крајот додадете ги парчињата леб кои претходно сте ги исечкале на коцки.

3-brzi-i-socni-recepti-idealni-za-ladnite-denovi-13.jpg

Вака подготвените макарони оставете ги да се печат во рерна 30 минути.

3-brzi-i-socni-recepti-idealni-za-ladnite-denovi-14.jpg

На здравје!

Би можело да ве интересира:

Безглутенска пица со тесто од ориз и пилешко во доматен сос Направете ја оваа безглутенска пица од ориз со пилешко месо уште викендов, ќе ѝ ...
4 брзи рецепти од ТикТок и Инстаграм кои вреди да се пробаат Ако немате ни време ни нерви да правите суши, можете да искористите калап за маф...
Рецепт за посна салата од компири со прелив од кари Компирите честопати се дел од нашето мени, без разлика дали е за ручек, како сал...
Мафини од печени јајца - рецепт за поинаков, а вкусен појадок (или вечера) Ви здодеа да јадете варени јајца или јајца на око, а сепак ги обожавате? Тогаш с...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...
Брз и здрав ручек: Печени модри домати со моцарела Овој рецепт е едноставен,  па може да го правите дури и ако не сте премногу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg