Десерт на денот: Палачинки полнети со сос од јаболка

Попознати како Такитос со јаболка, овие полнети палачинки се сè што ви треба кога имате итна желба за слатко.

desert-na-denot-palacinki-polneti-so-sos-od-jabolka-01.jpg

Крцкави, сочни и ароматични, а толку едноставни за подготовка.

Потребни состојки (зависно од количината која ја подготвувате):

  • Домашно подготвени палачинки или купечки тортиљи
  • Исечкани и излупени јаболка
  • Карамела сос или стопени карамели
  • Цимет и шеќер во прав
  • Крупен шеќер

Сосот подгответе го на следниов начин:

Исечкајте ги јаболката и ставете ги во големо тенџере. Додајте го сосот од карамела или карамелите и оставете да се стопат. Додајте цимет и шеќер во прав по вкус. Подварете го сосот на тивко додека јаболката не омекнат.

Палачинките или тортиљите наполнете ги со него, замотајте, премачкајте со матено јајце и проросете со крупен шеќер и цимет.

Ставете во тава обложена со мрсна хартија и печете 15-тина минути додека не заруменат.

desert-na-denot-palacinki-polneti-so-sos-od-jabolka-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Викенд мезе: Мини тортиљи со пилешко и зеленчук по турски рецепт Мини пилешките тортиљи по турски рецепт се деликатес кој мора да го пробате. ...
Рецепт за посна салата од компири со прелив од кари Компирите честопати се дел од нашето мени, без разлика дали е за ручек, како сал...
5 домашни сосови кои се одлична замена за мајонез Се подготвуваат брзо, лесно, вкусни се и здрави и одлична замена се за мајонез.....
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg