Рецепт на денот: Солени обланди
Кога ќе сакате да послужите или каснете нешто солено, а брзо за подготовка, ви предлагаме солена варијанта на обланди.
Брзо се прават, лесни се и вкусни, а може да ги послужите за појадок како сендвичи или како прилог за ручек.
Потребни состојки:
- 1 пакување обланди
- 700g кисела павлака
- 200g сирење
- 3 сварени јајца
- 150g кисели краставички
- 50g печен сусам
- 200g шунка
- 180g кисела павлака
Подготовка:
Измешајте ги павлаката и сирењето. Сварените јајца изрендајте ги. Краставичките исечкајте ги на долги тенки линии.
Првиот лист обланда премачкајте го со филот од павлака и сирење, ставете мал слој сусам.
Вториот лист премачкајте го со филот од двете страни. Ставете го над првиот лист и на него наредете слој шунка.
Третиот слој обланди исто така, премачкајте го од двете страни и над него наредете ги киселите краставички.
Ставете го и четвртиот лист обланда и на горниот слој нанесете ги ренданите јајца и нанесете уште еден слој обланда.
Премачкајте ја со павлака и на неа нанесете го преостанатиот сусам.
Солените обланди оставете ги неколку часа да стојат, а потоа можете да ги сервирате.
Пријатно јадење!