Чоколадно чудо без печење
Колач готов за 5 минути, без печење, од само 3 состојки, преку кој најдобро ќе уживате во оригиналниот вкус на чоколадото.
Потребни состојки:
- 400g квалитетно црно чоколадо
- 400ml кондензирано млеко
- 50g путер
Подготовка:
Стопете го чоколадото заедно со путерот. Мешајте додека не добиете смеса без грутки.
Додајте го кондензираното млеко и тргнете од оган. Смесата ставете ја во силиконски калапи за колачи и оставете во замрзнувач неколку часа.
Можете да послужите со парчиња овошје, компот или џем.
Доколку немате слатко кондензирано млеко, можете да го подготвите на следниов начин:
1 литар кравјо млеко ставете во тенџере и оставете го да се вари на средна температура додека количината двојно не се намали. Мора постојано да мешате за да не загори.
Додајте 1 лажица ванилин шеќер, ½ лажица екстракт од ванила и 150g шеќер и мешајте уште малку.
Тргнете од оган и ќе имате околу 400ml готово кондензирано млеко. Оладете пред користење.