Летен предлог: Безалкохолни освежувања за топлите денови

6. Хокус Покус шампањско

Но, зар не е шампањот алкохол? И токму така, овде си креирате сопствено шампањско без употреба на било каков алкохол, туку се употребува магија.

Со интересно име што веднаш заинтригирува, Хокус Покус рецептот се заснива на сок од ананас, екстракт од бадем, екстракт од кокос, неколку капки црвен и жолт обојувач за храна, газирана вода со вкус на грозје или некој друг вкус и шеќер.

Брусницата се додава по вкус, за декорација.

leten-predlog-bezalkoholni-osvezuvanja-za-toploto-vreme-6.jpg


7. Лимонада од кокос и лаванда

Колку невообичаено, толку и привлечно. Коктел кој воодушевува со својот нежен виолетов тон, по мерка на модните трендови.

Се состои од свежо исцеден лимонов сок, шеќер, кокосова вода, обична вода и додадете сируп од лаванда кој се прави со шеќер, вода, сушена лаванда и за подобар изглед, неколку капки од виолетов обојувач за храна.

leten-predlog-bezalkoholni-osvezuvanja-za-toploto-vreme-7.gif


8. Мексиканска хорчата

Едноставна по својот изглед, веднаш ќе стане вашиот нов омилен пијалак.

Опишана како лесна и превкусна, хорчатата е составена од незготвен ориз, вода, цимет стапчиња, бел шеќер, млеко и ванила на што се должи софистицираниот сладок бел изглед.

leten-predlog-bezalkoholni-osvezuvanja-za-toploto-vreme-8.jpg


9. Рој Роџерс

Ова можеби е наједноставниот рецепт за кој ќе слушнете денес, а се што ви е потребно е Кока Кола и црвен сируп, измешајте и коктелот е спремен!

leten-predlog-bezalkoholni-osvezuvanja-za-toploto-vreme-9.jpg


10. Палауксма коктел

Повторно безалкохолен шармер кој со својата нежна боја ќе ви го разубави летото, но и со неговиот вкус истовремено.

Во рецептот на коктелот влегуваат сок од грејпфрут, сок од лимета, засладувач, газирана вода и секако не може коктел без коцки лед.

leten-predlog-bezalkoholni-osvezuvanja-za-toploto-vreme-10.jpg

Уживајте!

Автор: Е.Г



Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg