Летен предлог: Безалкохолни освежувања за топлите денови

Летото е период кое едноставно не може да помине без некој освежителен пијалак. Шармантни и доволно ладни, никого не го оставаат рамнодушен и секогаш се чини дека ни се прва работа на умот во најжешките денови.

leten-predlog-bezalkoholni-osvezuvanja-za-toploto-vreme-01.jpg

Посебно погодни за оние што уживаат во алкохолот.

Но, што ако ете сте алкохолен љубител? Дали тоа значи дека не може да се забавувате?

Одоговорт е не. Целосно сте во грешка. Забавата и летото можат да почнат и без алкохол.

Погледнете ги овие фантастични коктели кои не содржат алкохол, а се подеднакво одлични:


1. Аризона Сансет

Инспириран од величествените зајдисонца во пустинската Аризона, овој коктел претставува вистинско освежување за едно такво место.

Какрактеристичен е по тоа што е доста лесен за пиење.

Составен е од: црвен сируп, Sprite, мраз и по ваша желба за декорација, може да додадете портокал или вишни.

leten-predlog-bezalkoholni-osvezuvanja-za-toploto-vreme-1.jpg


2. Шприцер од ѓумбир, грејпфрут и босилек

Понекогаш, после добар ручек, се што ви е потребно е еден класичен едноставен, а воедно и богат пијалак.

Овој безалкохолен коктел е составен од 1 грејпфрут, мраз, сода од ѓумбир и обичен сируп од босилек кој што ќе го направите со помош на шеќер, вода и малку свеж босилек.

leten-predlog-bezalkoholni-osvezuvanja-za-toploto-vreme-2.jpg


3. Овошен пијалак од маракуја

Безалкохолен пијалак кој вреди да се пие не само во летото, туку и во текот на целата година, особено ако сте љубител на жолтата боја.

Овој пијалак ќе ве привлече и со вкусот и со изгледот.

Составен од ливчиња од нане, лимета, свеж ѓумбир исечкан на тенки стапчиња, 8 маракуи, 4 портокала, коцки мраз и на сето тоа додадете газирана вода.

leten-predlog-bezalkoholni-osvezuvanja-za-toploto-vreme-3.jpg


4. Таи чај

Создаден за оние кои покрај во летото, знаат да уживаат и во елеганцијата.

Таи чајот се карактеризира со едноставниот рецепт од црн чај, вода и шеќер. За кремастиот дел може да искористите кокосово млеко или пак засладено кондензирано млеко, плус коцки мраз.

leten-predlog-bezalkoholni-osvezuvanja-za-toploto-vreme-4.jpg


5. Азиска газирана круша

Со доволно луксузно звучно име, овој безалкохолен пијалак го има и совршениот рецепт кој одговара на своето име.

Составен од свежа круша, лимонов сок, мед и шеќер, но потоа пијалокот се носи на сосема ново ниво со додавање на рузмарин, морско оревче и ѓумбир.

На вака богатиот состав му се додава газирана вода пропратена со коцки мраз. Звучи неверојатно, зар не?

leten-predlog-bezalkoholni-osvezuvanja-za-toploto-vreme-5.jpg

Уште 5 рецепти на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Мрсна торта со вкус на тиква – домот ќе ви мириса како кај баба на гости Традиционалните мрсни торти секогаш ни будат доза носталгија од деновите поминат...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg