Ладен колач за кој не ви треба ниту миксер, ниту рерна
Ова дефинитивно е најдобриот колач кој можете да го подготвите кога ви се брза и ви се јаде нешто студено и слатко.
Состојки:
- 500ml млеко
- 500ml павлака за шлаг
- 12 лажици густин
- 1 ванилин шеќер
- 100g чоколадо за готвење
- 100g бело чоколадо
- 4 лажици шеќер
- Пакетче бисквити или пишкоти
Подготовка:
Помешајте го млекото со слатката павлака, па од таа количина земете 200ml кои ќе ги помешате со густинот и шеќерот.
Остатокот ставете го да зоврие, па сварете го густинот. Кремот брзо се згуснува, така што за 2-3 минути ќе биде готов.
Поделете го на 2 дела и во едниот додадете го чоколадото за готвење, а во другиот белото чоколадо. Мешајте енергично додека целосно не се растопи.
На дното на една тава ставете пишкоти или бисквити (можете да ги натопите во млеко ако сакате), па одозгора премачкајте со темниот крем. Потоа веднаш премачкајте го и белиот крем.
Ако сакате можете да ги филувате наизменично за привлечен дезен.
Оставете ја тортата во фрижидер најмалку 1 час пред да ја послужите.