Вкусен и сочен: Направете домашен пржен сладолед

Овој деликатес сигурно ви е познат како главен десерт во кинеските и јапонските ресторани. Тој е вкусен и сочен иако ви изгледа неверојатно, сладолед да биде пржен.

vkusen-i-socen-napravete-domasen-przen-sladoled-01

Можеби мислите дека е невозможно да успеете замрзната топка сладолед да испржите во врело масло без да ви се растопи, но постои рецепт кој може да го подготвите и дома како вистински готвачи.

Потребни состојки:

  • ½ смрзнат сладолед по избор
  • 2 јајца
  • 100 g  мелени ореви и лешници
  • 100 g мелени бисквити
  • Масло за јадење

Подготовка:

Добро замрзнете го сладоледот. Земете 2 стаклени сада. Во еден од нив измешајте ги оревите и бисквитите, а во другиот одвојте ги белките од жолчките. Белките добро изматете ги со виљушка. Извадете го сладоледот со посебна лажица за да бидат во облик на топки.

Секоја топка прво потопете ја во изматените белки, а потоа во мешавината на бисквити и ореви. Ставете ја на проѕирна фолија, обложете ја цела и вратете ја во замрзнувач за да се стегне околу 2 часа.

Повторете ја постапката со секоја кугла. Откако ќе се замрзнат топките подгответе едно подлабоко тенџере или фритеза со загреано масло. Топките сладолед повторно извалкајте ги во белките, па во бисквитите и оревите и ставете ги да се пропржат. Оставете ги додека не заруменат. Кога ги вадите, важно е да ги ставате на хартија во која ќе се впие вишокот масло.

Кога ќе ги пробате однадвор топли и крцкави, а внатре сочни и студени нема да може да престанете да ги јадете.

vkusen-i-socen-napravete-domasen-przen-sladoled-1.jpg

Би можело да ве интересира:

Вкусен колач со боровинки и лимон Ако немате свежи боровинки можете да користите и смрзнати, но вкусот на колачот ...
Вкусен десерт: Чурос залчиња со цимет и путер Чурос потсетуваат на тулумби, а сепак не се. Но овие мали залчиња се превкусни и...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg