Вкусно рижото миланезе кое може набрзина да го подготвите
Малку е веројатно дека постои човек кому не му се допаѓа италијанската храна. Паста од секаков вид, шпагети, канелони, рижото, сосови и што ли уште не.
Оваа превкусна кујна можете и дома да ја подготвите се што ви е потребно е малку време и најважната тајна на секој добар готвач: вистинска страст за добра храна.
Овој рецепт традиционално доаѓа од Милано и ќе ве изненади едноставноста на неговата подготовка.
Потребни состојки:
- 250g ориз
- 2 лажици путер
- 1 лажица шафран
- 1 шолја бело вино
- 1 исечкан кромид
- 1,5l топла вода во која е растопена супена коцка
- 50g пармезан
- Маслиново масло
Италијаните рижотото го припремаат во висока тава, но доколку имате доволно квалитетен лонец, тавата можете да ја замените со него. Потребно е да има широко дно за оризот да се распространи во што е можно потенок слој.
Започнете со тоа што во основата со коцка супа ќе го ставите шафранот и ќе ја оставите на страна да се олади.
Загрејте го лонецот, ставете ги 2 лажици путер внатре за да се растопи и ставете доволно маслиново масло за да не изгори путерот.
Во маслото ставете го кромидот и пропржете додека не добие златно шолта боја.
Во смесата додадете го орзот и налејте ја чашата вино. Почекајте виното да испари и започнете со половично додавање на основата.
Откако ќе испари основата додадете го пармезанот и малку маслиново масло. Промешајте и изгасете го огинот.
Имајте на ум дека тајната на добро приготвеното ризото лежи во постојаното мешање.
На здравје!