Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


По рецептот на баба: Печен компир кој ќе ве воодушеви

Немате идеја како да го подготвите компирот? Тогаш искористете го овој рецепт од нашите баби, кој со сигурност нема да ве остави рамнодушни.

po-receptot-na-baba-pecen-kompir-koj-kje-ve-voodusevi-1

Печениот компир е далеку поздрав од пржениот, затоа овој сладок компир кој се топи во устата ќе ви стане новиот омилен рецепт:

Потребни состојки:

  • 1kg компир (најдобро би било доколку е млад)
  • 1 супена лажица сол
  • 2l вода
  • 50ml масло

Начин на подготовка:

1. Излупете ги компирите, а потоа измијте ги и исечкајте ги на четвртини и ставете ги во тенџерче со 2l ладна вода да зовријат, па додајте ја солта.

2. Вклучете ја рерната на 160 степени и во неа ставете ја тавата со масло да се загрее. Целата тајна се состои во загревањето на тавата со масло, а потоа почекајте додека да зоврие водата во тенџерчето со компирите. Откако ќе се појави бела пена во тенџерчето, исцедете ги компирите и ставете ги во тавата. Со помош на лажица за готвење добро измешајте го компирот за од сите страни да биде обложен со масло.

3. Компирот вратете го рерна и печете на 160 степени додека да зарумени, а повремено мешајте го.

4. Послужете со салата по желба и уживајте во новиот вкус. 

Би можело да ве интересира:

Рецепт за божиќни путер колачиња Внесете ја празничната магија во вашиот дом и нека замириса на превкусни путер к...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за мекици, од домашниот тефтер на мајките и бабите Ако сте љубител на мекици, не мора да чекате да се роди ново бебе, може да си ги...
Рецепт за брзи лиснати ролнички со сланина Ако ви се најават гости или сакате да зготвите нешто брзо за ужинка за домашните...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за најубавите домашни принцес крофни Принцес крофните се подготвуваат толку безо и лесно, што ако ги направите еднаш,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg