3 брзи рецепти за кога ќе ви дојдат ненајавени гости

Колку пати досега ви се случило да ви заѕвони ѕвончето и на врата да ви се појават ненајавени гости? Веднаш ве фаќа паника дека немате ништо подготвено и масата е празна.

3-brzi-recepti-za-koga-ke-vi-dojdat-nenajaveni-gosti-01

Наместо да се блокирате и да паничите, добро е секогаш да ги имате при рака овие 3 брзи рецепти.

1. Ќофтиња од туна

Потребни состојки:

  • 1 голема конзерва туна
  • 2 парчиња вчерашен леб
  • Малку млеко
  • Магдонос
  • Бибер
  • Лебни трошки

Подготовка:

Туната исцедете ја од маслото, иситнете ја со виљушка, па додајте го мекиот дел од лебот, претходно натопен во млекото и исцеден. По вкус ставете бибер, додајте ситно исечкан магдонос. Сето тоа добро измешајте го, соединете го како смеса и направете со раце мали ќофтиња.

Извалкајте ги во лебните трошки и пржете ги во масло додека не заруменат од сите страни.

3-brzi-recepti-za-koga-ke-vi-dojdat-nenajaveni-gosti-1.jpg


2. Пирошки со сирење

Потребни состојки:

  • 400 g брашно
  • 200 ml јогурт
  • 1 прашок за печиво
  • 1 јајце
  • 200 g тврдо сирење
  • Сол
  • Масло за јадење

Подготовка:

Во длабок сад истурете го брашното, прашокот за печиво, солта и сè добро измешајте. Во така подготвената смеса додајте едно јајце и сипете јогурт. Изрендајте го сирењето и со раце добро измесете го тестото за сите состојки да се соединат. Ако тестото ви е премногу меко, слободно додајте уште 1-2 лажици брашно.

Тестото растегнете го на маса на која претходно имате посипано брашно за да не ви се лепи и со сукало развлечете кора со дебелина од 1 cm, па со нож исечете правоаголници со димензии околу 6 х 2,5 cm.

Во меѓувреме ставете тенџерче со масло на шпорет за да се загрее. Количината на масло треба да биде доволна за да ги покрие пирошките до пола. Во загреаното масло внимателно спуштајте една по една пирошка и пржете ги додека не заруменат од двете страни.

3-brzi-recepti-za-koga-ke-vi-dojdat-nenajaveni-gosti-2.jpg


3. Ролни со колбаси

Потребни состојки:

  • 2 шолји брашно
  • 4 лажици путер
  • 1 ½ лажица прашок за печиво
  • 1 лажица сода бикарбона
  • 1 шолја кисело млеко
  • 400 g колбаси или салама
  • Кашкавал по желба
  • Сол
  • Бибер

Подготовка:

Во брашното додајте го исечканиот путер, прашокот за печиво, сода бикарбоната, киселото млеко, солта и биберот.

Замесете го тестото, па ставете го на набрашнета површина и со рацете месете го за да направите квадрат,

Преку тестото рамномерно наредете ги колбасите, замотајте го тестото во ролат исечете го на подебели парчиња.

Наредете ги во плех едно до друго и ставете ги да се печат во загреана рерна на 190 степени околу 20-25 минути.

3-brzi-recepti-za-koga-ke-vi-dojdat-nenajaveni-gosti-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Рецепт за путер колачиња со рум од кои ќе замириса целиот дом Денес ви прикажуваме еден супер лесен рецепт за путер колачиња со рум. Лесен ...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg