Десерт на денот: Сникерс торта без печење

Торта која се подготвува многу брзо, а познатата комбинација на чоколадо и кикирики е фантастична.

desert-na-denot-snikers-torta-bez-pecenje-01.jpg

После овој рецепт и слики подгответе се за „морам да ја пробам уште денес!“

Потребни состојки:

  • 300g мелени кикирики
  • 300g мелени бисквити
  • 200-250g путер
  • 250g шеќер во прав
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 2 јајца
  • 200g сечкани кикирики

Чоколаден прелив:

  • 2 шолји млеко
  • 5 лажици шеќер
  • 3 лажици какао
  • 100g чоколадо за готвење
  • 1 лажица маргарин

Подготовка:

Мелените бисквити добро измешајте ги со кикириките. Путерот и шеќерот во прав добро сматете ги додека не добиете еднолична смеса, па додајте го ванилиниот шеќер и јајцата. Изматете додека не добиете крем.

Со кремот и мешавината од кекс и кикирики замесете тесто. Обликувајте го во тава која претходно ќе ја покриете со хартија или ќе ја премачкате со маргарин и израмнете.

На површината на тортата наредете ги сечканите кикирики.

Подгответе го чоколадниот прелив така што во едно тенџере ќе го ставите млекото заедно со шеќерот, маргаринот и какаото, па ќе ги стопите на оган. Малку подоцна додајте го и чоколадото. Почекајте да зоврие и да се формира чоколаден сируп.

Прелијте ја тортата со чоколадото, па оставете ја неколку часа во фрижидер. Можете да ја украсите со уште кикирики, по желба.

desert-na-denot-snikers-torta-bez-pecenje-02.jpg

Напомена: Чоколадниот прелив не е глазура, туку прелив, затоа не очекувајте целосно да се стегне.

Би можело да ве интересира:

Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепти за 3 брзи ролати за новогодишната трпеза Чоко ролат со крем банани, или ролат со кокос... Изберете некои од нашите предло...
Нова верзија на рецептот на баба: Омилените божиќни гурабии со ванила и ореви Се сеќавате на вкусните колачиња што буквално ви се топат во уста? Меки и полнет...
Здрава ресана торта, подготвена во блендер Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg