Слатка фантазија готова за 10 минути: Искршен колач без печење
-->
Колач кој е готов додека да трепнете, а веројатно и ќе се навлечете на него уште од првото залче.
Го сакаат и стари и млади, оди со кафе и чајче, после ручек како десерт или како слатка ужина.
-->
Потребни состојки:
- 250g маргарин
- 200g шеќер
- 5 јајца
- 100g чоколадо за готвење
- ½ kg бисквити, кршени
- 1 лист обланда
Подготовка:
Во едно тенџере растопете го маргаринот со шеќерот, па додадете ги јајцата и чоколадото. Варете додека сите состојки не се стопени.
Кога ќе зоврие смесата, додадете ги крупно искршените бисквити.
-->
-->
Штом згусне смесата, тргнете ја од оган. На тава ставете го листот обланда, па врз него истурете ја смесата со бисквити.
-->
Послужете го колачот ладен.
Би можело да ве интересира:
Колач со вишни, по рецептот на нашите баби
Ако носталгијата има мирис и вкус, тогаш сигурно потсетува на колачот со вишни ш...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат
Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата
Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Брз ролат со плазма и овошје (без печење)
Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече
Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...
-->