Готов за 15 минути: Чоколаден ролат без печење
Идеален колач на брзина кога ви треба да послужите нешто после ручек или со кафе, а немате многу време за во кујна.
Или пак, кога едноставно ви се јаде нешто вкусно и чоколадно, а немате многу трпение за печење и подготвување филови, еве што треба да испробате.
Потребни состојки:
- 2 јајца
- 150g шеќер
- 100g чоколадо за готвење
- 85g маргарин или путер
- ½ шолја сечкани ореви
- 200g бисквити
По желба, може да додадете суво грозје и смокви исечкани на ситни парчиња.
Подготовка:
Во еден сад измешајте ги јајцата со шеќерот, додадете го искршеното чоколадо и маргаринот или путерот. Загревајте додека состојките не се стопат и соединат.
Смесата изладете ја, па во неа додадете ги оревите и издробените бисквити. Добро измешајте.
Ако смесата ви изгледа премногу кашеста, додајте уште малку бисквити.
На работна површина ставете целофан и на него изгмечете ја смесата. Обликувајте ролат и оставете го да се олади.
Може да користите и калапи за обликување на ролатот.
Исечете, послужете и уживајте!