Подгответе: Крцкава торта со наполитанки
Кој може да одолее на нешто слатко и крцкаво? Уште ако може да го подготвите сами и да ги изненадите домашните, тогаш на задоволството му нема крај.
Ова се потребните состојки:
- 8 белки
- 8 лажици шеќер
- 12 лажици мелени ореви
- 2 лажици брашно
- 1 кесичка прашок за печиво
- 1 l млеко
- 2 кесички пудинг од ванила
- 370 g маргарин
- 200 g шеќер
- 500 g наполитанки од лешник
- 200 g чоколадо
- 2 кесички шлаг
Подготовка:
Изматете ги белките, па додајте 8 лажици шеќер, прашок за печиво, мелени ореви и брашно. Потоа испечете кора од смесата.
За филот сварете го млекото и направете го пудингот од ванила со 200 g шеќер. Кога ќе се излади, додајте го маргаринот и сето тоа убаво соединете го.
Поделете го на 2 дела. Во едниот дел ставете ги искршените наполитанки, а во другиот дел додајте го стопеното чоколадо.
Филувајте по следниот редослед: кора, фил од наполитанки, фил со чоколадо.
Изматете го шлагот и исфилувајте ја тортата одозгора, а по желба може да ја прелиете и со стопена чоколада или да ја наросите со чоколадни трошки.