Викенд мезе: Вкусни топчиња од ориз
Покрај сè она што ви останато од храната за празниците, освежете ја трпезата со нешто ново и изненадете ги гостите.
Одлично мезе за дополнување на ордеверите или само за со пиво и бело вино. Може да ги комбинирате и со разни сосови кои дополнително ќе го збогатат нивниот вкус.
Состојки:
- 200 g ориз
- 1 главица кромид
- 50 g путер
- 200 g пармезан
- 200 g младо сирење
- 1 l супа од зеленчук
- 1 лажица сечкан магдонос
- 2 јајца
- 150 g брашно
- 200 g лебни трошки
- Малку мешан зачин
- Околу половина литар масло за пржење
Подготовка:
1. Кромидот исчистете го и исечкајте го ситно, а потоа пропржете го на стопениот путер, додека зарумени.
2. Додајте го оризот и пржете кратко со постојано мешање. Постепено долевајте ја супата од зеленчук со повремено мешање додека не набабри оризот и остатокот од течноста не зоврие. При крајот додајте го магдоносот и мешаниот зачин по вкус.
3. Во изладениот ориз додајте изронето младо сирење и пармезан, па промешајте го.
4. Од добиената смеса со дланките претходно намачкани со масло, обликувајте топчиња со големина на орев.
5. Топчињата извалкајте ги во брашно, па во изматените јајца и на крај во лебните трошки.
6. Пржете ги во повеќе масло, додека не заруменат.
Одлично викенд мезе за во комбинација со пиво или бело вино.