Без печење: Милка торта готова за само 30 минути

Доколку не сте расположени за готвење за време на празничните денови, но сакате да го изненадите семејството или партнерот со нешто слатко, Милка тортата е одличен избор за вас бидејќи може да ја подготвите само за половина час.

milka-torta-gotova-za-samo-30-minuti-1

Потребни состојки:

  • 1 литар млеко
  • 10 лажици шеќер
  • 3 пудинзи од ванила
  • 300 грама млечно Милка чоколадо
  • 100 грама бело Милка чоколадо
  • 500 мл слатка павлака
  • Бисквити


Подготовка:

Пудингот и шеќерот промешајте ги со неколку лажици млеко, а потоа смесата додајте ја во загреано млеко. Сварете го пудингот, а потоа смесата поделете ја на 2 дела.

Во едниот дел истопете го темното чоколадо, а во другиот белото.

Измиксирајте ја слатката павлака и ¼ ставете во белиот, а ¼ во темниот крем.

Земете плех или тава за печење, издробете ги бисквитите или наредете ги цели, па прелијте го белиот крем. Оставете малку за декорација. Одозгора ставете го темниот крем.

Преостанатиот бел крем кој го оставивте за декорација нанесете го врз темниот во вид на мали точки кои може да ги прошарате со чепкалка.

Оставете ја тортата да се олади во фрижидер или замрзнувач, па потоа послужете ја.

Може да декорирате со рендано Милка чоколадо или нешто друго по желба.

milka-torta-gotova-za-samo-30-minuti-2

Уживајте!

Би можело да ве интересира:

Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Здрава ресана торта, подготвена во блендер Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
Рецепт за вртена пита со паричка за Василица од готови кори Рецепт што ќе им се допадне на младите, но и на искусните домаќинки. Како да под...
Рецепт за колач со кокос и плазма, без печење Овој брз десерт без печење им успева на сите, дури и на оние што не ги „бива“ во...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Тирамису со ф’стаци и пишкоти - совршен десерт за сечиј вкус Ако не можете да му одолеете на вкусот на класичното тирамису, тогаш сигурно ќе ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg