Брз ручек: Потпечено пире од компир

Ако сте во потрага по некоја идеја за едноставен и вкусен ручек, подгответе нешто што досега сигурно не ви текнало - потпечено пире од компири.

brz-rucek-potpeceno-pire-od-kompir-01.jpg

Лесно е за подготовка, а уште полесно за комбинирање со салати и месо.

Состојки:

  • 500g компир
  • 2 лажици путер
  • 2 жолчки
  • Сол
  • Вегета

Подготовка:

Исчистете го компирот и исечкајте го на коцки. Варете го во солена вода, исцедете и испасирајте.

Додадете ја солта, вегетата, жолчките и путерот и заедно промешајте.

На тава за печење поставете хартија. Со помош на украсни кеси за шлаг направете пуслици од пире.

brz-rucek-potpeceno-pire-od-kompir-02.jpg

Ставете ги да се печат на 220 степени околу 10-15 минути, додека не заруменат.

Комбинирајте по желба, прелијте со сос, павлака или нарендајте сирење и послужете.

Би можело да ве интересира:

Потпечено пилешко со брокули и пармезан Во сезоната на брокули, подгответе вкусен ручек со брокула и пилешко... Во се...
Предлог ручек: Орзо со пилешко и грашок Ако не знаете што да зготвите за ручек, пробајте го овој брз и вкусен рецепт - о...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Брз ролат со плазма и овошје (без печење) Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...
Рецепт за посна салата од компири со прелив од кари Компирите честопати се дел од нашето мени, без разлика дали е за ручек, како сал...
Вкусен домашен ручек - Како да направите тавче гравче? Тавче гравче претставува македонски традиционален рецепт кој бара внимание, но л...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg