Здраво и вкусно: Подгответе чипс од банана
-->
Рецептот е лесен и едноставен. Дури и почетник во кујна може да подготви солен или благ чипс од банана.
Ако се одлучите за солен чипс, тогаш ќе ви бидат потребни зелени банани, односно не сосема созреани, а за благиот земете зрели.
-->
За три порции чипс од банана потребно ви е следново:
- 3 банани
- 3 кафени лажички маслиново или сончогледово масло
- Сол, односно шеќер( по вкус)
Бананите излупете ги и исечкајте ги на тенки кругови. Ставете ги во плех, обложен со хартија за печење. Посолете ги и попрскајте ги со маслото.
Печете 15-20 минути на 180-200 степени.
За помалку од 20 минути ќе имате здрав десерт кој можете да го зачините со мед, цимет или црно чоколадо. Ако сте за најздрава варијанта, консумирајте го чист.
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Колач со вишни, по рецептот на нашите баби
Ако носталгијата има мирис и вкус, тогаш сигурно потсетува на колачот со вишни ш...
Рецепт за вртена пита со паричка за Василица од готови кори
Рецепт што ќе им се допадне на младите, но и на искусните домаќинки. Како да под...
Рецепт за колач со кокос и плазма, без печење
Овој брз десерт без печење им успева на сите, дури и на оние што не ги „бива“ во...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг
Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Рецепт за сочна торта со зрели банани и киви
Ако и вие сте љубители на слаткиот мирис и вкус на бананата, тогаш вреди да го п...
Викенд рецепт: Сочно пилешко месо и зеленчук, како од ресторан
Како да подготвите цела кокошка, но без месото одвнатре да биде суво и жилаво? С...
-->