Подгответе: Домашен сладолед од диња
Ако ви се досади свежо сечканото овошје, експериментирајте со специфичниот вкус на дињата.
Слатка, лесна за чистење и неверојатно вкусна, сега дињата ќе можете да ја искористите како летно освежување во малку поинаков облик.
За подготовка на сладоледот од диња потребно ви е:
- 300ml слатка павлака
- 175g шеќер
- 1 зрела диња, со средна големина
- Сок од 1 лимон
Подготовка:
1. Во длабок сад помешајте го шеќерот со павлаката и варете додека течноста не зоврие.
2. Исчистете ја дињата од кората и семките, исечкајте ја на ситни парчиња, па ставете ја во блендер заедно со сокот од лимон. Пасирајте додека не добиете мазна смеса.
3. Додајте ја смесата од слатка павлака и шеќер, па измешајте ги сите состојки во блендерот.
4. Мешавината истурете ја во калапи и садови и оставете ја да отстои во замрзнувачот преку ноќ.
Декорирајте и послужете. На здравје!