Пијани сладоледи за супер летна забава

Подготвувањето коктели во чаши е веќе видено. Време е да ги изненадите и освежите пријателите со алкохолни коктел сладоледи.

pijani-sladoledi-za-super-letna-zabava-01

Вистинска забава во која ќе уживате и нема да броите кој колку чаши испил, туку ќе дозволите да ве поведе слаткото смрзнато задоволство. Ги има со најразлични рецепти и за сечиј вкус.

Повикајте го друштвото во вашиот двор или подгответе ги и изненадете ги на некоја плажа за време на летниот одмор. Верувајте дека ќе ви бидат благодарни.

Сè што ви е потребно е некакво овошје, некој алкохолен пијалак, калапчиња и добар замрзнувач.

Одберете си го омилениот пијан сладолед:

1. Бурбон-праска

Во блендер измешајте 2 чаши лимонада, 1 чаша сок од праска и 50 мл бурбон, ставете го во замрзнувач и оставете го во текот на ноќта.

pijani-sladoledi-za-super-letna-zabava-1.jpg


2. Минт-бурбон

Измешајте 2 чаши вода, 1 чаша кафеав шеќер, 1 чашка ментол и 1/3 чашка бурбон

pijani-sladoledi-za-super-letna-zabava-2.jpg


3. Tequila Sunrise

Сигурно сте го правеле коктелот во чаша. Потребни ви се истите состојки (2 чаши сок од ананас,3/4 чашка текила, 1/4 чашка гренадин) само замрзнати во калапчиња.

tequila-sunrise-ice-pops-R018967-ss.jpg


4. Киви и москато

Потребни ви се 2 киви, 2 лажици шеќер или мед, 1/2 чашка бело вино, 1/4 чаша вода.

pijani-sladoledi-za-super-letna-zabava-4.jpg


5. Џин и краставица

Во блендер измешајте 1 краставица, сок од 2 лимона, 50 мл џин и 1 чаша пиво

pijani-sladoledi-za-super-letna-zabava-5.jpg

Уште 5 рецепти на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg