Направете го највкусниот домашен Сникерс
Ова слатко - солено чоколадно задоволство вообичаено го купуваме од продавница. Но, сега може и сами да го подготвите дома. Вкусот е речиси идентичен како и оригиналното чоколадо.
Потребни состојки:
- 1 маргарин + 80 гр за глазурата
- 300 гр шеќер
- 100 гр чоколадо + 100 гр за глазурата
- 3 јајца
- 300 гр бисквити
- 300 гр кикирики
- 2-3 капки масло
Фил:
Во поголема чинија искршете 300 гр бисквити и додајте 300 гр мелени кикирики. Кикириките пред да ги сомелете пропржете ги во тепсија додека не добијат малку заруменета боја.
Стопете го маргаринот, 300 гр шеќер, 100 гр чоколадо и додајте ги 3-те јајца. Сето тоа варете го и полека мешајте додека не добиете хомогена смеса и нормална густина.
Двете смеси соединете ги во една чинија и сипете ја измешаната смеса рамномерно во подмачкана тепсија.
Глазура:
Во едно подлабоко тенџере стопете 80 гр маргарин додека не зоврие. Кога ќе зоврие тргнете го од оган и додајте 100 гр искршена чоколада и 2-3 капки масло. Мешајте додека чоколадото не се стопи.
Прелијте ја глазурата врз претходно ставената смеса во тепсија.
Оставете го колачот да се излади и зацврсти на собна температура, а потоа пресечете го на правоаголни коцки.