4 брзи рецепти од ТикТок и Инстаграм кои вреди да се пробаат

Компири печени во кашкавал

Потребни состојки:

  • Млади компири (колку за два оброка)
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажица лук во прав
  • 1 лажица сув магдонос
  • ½ лажица сол
  • ½ лажица бибер
  • Околу 100g растопен путер
  • Околу 120g рендан пармезан

Начин на подготовка:

  • Измијте ги компирите и пресечете ги на половина. Потоа малку засечете ги од внатрешната страна.
  • Во длабок сад, измешајте ги со маслиново масло, лук во прав, магдонос, сол и бибер.
  • Измешајте ги растопениот путер и пармезанот, па истурете ја мешавината во сад за печење.
  • Наредете ги компирите во тавата, со засечениот дел надолу (како на фотографијата).
  • Печете околу 30 минути, на 220 степени Целзиусови

4-brzi-recepti-od-tiktok-i-instagram-koi-vredi-da-se-probaat-7_copy.JPG

4-brzi-recepti-od-tiktok-i-instagram-koi-vredi-da-se-probaat-06_copy_copy.JPG

Торта со четири состојки

Потребни состојки

  • 200g орео колачиња
  • Една шолја млеко (околу 230ml)
  • 1 лажица прашок за печиво
  • Едно млечно чоколадо

Начин на подготовка:

  • Измелете ги колачињата во блендер.
  • Измешајте ги колачињата со прашокот за печиво и млекото и добро измешајте.
  • Ставете ја смесата во мал плех и печете 15-20 минути на 180 степени Целзиусови.
  • Извадете ја тортата, ставете го чоколадото врз неа, па ставете ја во рерна уште некоја минута, за чоколадото да се стопи.

4-brzi-recepti-od-tiktok-i-instagram-koi-vredi-da-se-probaat-9.JPG

4-brzi-recepti-od-tiktok-i-instagram-koi-vredi-da-se-probaat-08.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Шеќерни крофни со цимет и путер, меки како душа Крофните со шеќер, цимет и путер се најмеките крофни што некогаш ќе ги пробате. ...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Редена еклер торта што не се пече, со фил од јаболка и ванила Омиленото есенско овошје се јаболката, а од оваа лесна торта сите ќе бараат парч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg