Прсти да излижете: Крцкаво, зачинето пилешко месо од Air Fryer
-->
Како да подготвите вкусни крцкави пилешки надкопанчиња во Air Fryer?
Потребни ви се само неколку минутки за подготовка и ќе имате вкусно месо за ручек, што можете да го послужите со салата или друг додаток или, пак, како вкусно мезе за седенките.
-->
Во продолжение погледнете како да ги подготвите пилешките копани во апарат за готвење на топол воздух.
Потребни состојки:
- 1kg пилешки надкопани;
- 2 големи лажици маслиново масло;
- 1 лажица морска сол;
- 1 лажица сува жалфија;
- 1 лажица црвен пипер;
- ½ лажица лук во прав;
- ¼ лажица кромид во прав;
- ¼ лажица црн бибер.
Начин на подготовка:
- Апаратот за готвење на топол водух се загрева на температура од 200 степени Целзиусови;
- Одмрзнатите пилешки надкопани се ставаат во длабок сад и се попрскуваат со масло за јадење;
- Се додаваат зачините и месото се меша со лажица за подеднакво да се распоредат;
- Надкопаните се распоредуваат во апаратот за готвење на топол воздух (во еден ред) и се печат на температура од 180 степени од 12 до 14 минути;
- Доколку не ги собира сите одеднаш, тогаш се печат во повеќе наврати;
- Притоа, на половина време од печењето месото се превртува за да се испече подеднакво;
- Пилешкото месо се остава да отстои најмалку 5 минути пред послужување.
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство
Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за брза пилешка салата – идеално мезе кога чекате гости
Заради овој рецепт секогаш ќе практикувате да имате дома пилешко месо и крастави...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат
Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Рецепт за пилешко полнето со печурки и пармезан
Ако досега не сте зготвиле пилешки гради на овој начин, пробајте ги веднаш - нем...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
-->
-->